Италијанската полиција запленила 163.000 литри нафта шверцувана од Албанија.

Вработените во пристаништето во Равена извршиле контрола на пет цистерни со нафта кои пристигнале од Албанија.

Нафтата била наменета за италијанскиот пазар, а била внесена без ДДВ, со документи што при контролата било утврдено дека се лажни.

Петте цистерни со нафта се конфискувани, а правните претставници на трите увозни компании биле на распит во Јавното обвинителство во Равена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.