Бард Спахиа, поранешен пратеник на Демократската партија на Албанија, беше притворен од страна на полицијата во Тирана, додека тој патуваше за да учествува во емисијата „Отворено“ на „Топ Чанел“.

Целиот процес од притворањето на поранешниот пратеник се емитуваше директно. Водителката на емисијата, Ени Васили, зборуваше на директна линија со Спахиа пред Демократската партија, каде што тој рече дека немал никаква информација дека албанската полицијата го бара во врска со настаните од вторникот во Скадар, па дури Спахиа тоа го сметаше за политичка наредба на Еди Рама и Таулант Бала.

За време на неговиот говор, Спахиа влезе во дебата со социјалистот Таулант Бала, кој го предизвика да ги напушти просториите на Демократската партија.

Па водителката го покани Спахиа да присуствува во емисијата. Спахиа тргна за да биде дел од емисијата на „Топ Чанел“, чии телевизиски камери го придружуваа во автомобилот по целиот пат. Но тој беше притворен од полицијата пред да стигне до телевизиското студио.


извор: Слободен печат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.