Црногорската полиција вчера го претепала владиката на Српската православна црква (СПЦ) диоклиски Методија на мостот Ѓурѓевиќ Тара.

Владиката и некои верници беа соборени на земја и тепани со пендреци. Повредени се и двајца верници, кои се обиделе да го заштитат. На еден му е скршен колкот, а на друг клучната коска и тие се хоспитализирани”, наведува Митрополитот црногорско-приморски.

Владиката и граѓаните на Црна Гора, верници на Српската православна црква, биле претепани за време на протестот против донесувањето на спорниот Закон за слобода на вероисповед, кој утрово бил усвоен во Црногорското собрание.

Од Митрополитијата велат дека тој пример најдобро ја потврдил вистинитоста на зборовите на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, кој во Собранието рекол дека полицијата не смее да примени сила против верниците.

Пратениците во Собранието на Црна Гора утрово го усвоиле спорниот Закон за слобода на вероисповед или уверување и правен статус на верските заедници на седницата во текот на која биле забележани низа инциденти, вклучувајќи и апсење на најмалку 18 пратеници на опозицискиот Демократски фронт.

Од СПЦ претходно било соопштено дека Предлог законот за слобода на вероисповед претставува основ државата да го украде црковниот имот и дека тој акт се однесува на повеќе од 650 свети храмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.