Косовската полиција го опколи попладнево ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ (УП) во центарот на косовската престолнина, откако беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ректорот на УП, Насер Саити изјави за медиумите дека станува збор за имејл кој стасал на адресата на УП со закана за експлозија на бомба.

Веднаш по добивањето на информацијата на местото на настанот пристигна анти-минерски тим од полицијата, кој го изолира објектот и дворот на Ректоратот со полициски ленти.

Преку соопштение за јавноста, полицијата и официјално го потврди случајот, додавајќи дека се преземени потребните оперативни дејствија за менаџирање на ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.