По објавувањето на конечните резултати од вонредните парламентарни избор во Косово, кои се одржаа на 14 февруари,  се поднесени вкупно 208 поплаки до Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП). Забелешките се доставени од неколку субјекти кои учестуваа на изборите.

Во соопштението на ПЗАП се вели дека веќе е почната процедурата на разгледување на жалбите, кои незадоволните од резултатите кои вчера ги објави Централната изборна комисија (ЦИК). Рокот за поднесување жалби истече денеска во 11 часот и 25 минути, а панелот има рок од 72 часа да одлучи по поплаките.

Според објавенеите конечни резултати од вонредните парламентарни избори, апсолутен победник, со освоени 49,95 отсто од гласовите и 58 пратенички места, е партијата на Албин Курти, Движење самоопределување (ВВ).

Второрангирана, со освоени 16,9 отсто, е Демокртската партија на Косово (ПДК), додека досега владејачките, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК) освоија по 12,64, односно 7,07 отстоод гласовите.

Според овие резултати, ПДК обезбеди 19, ЛДК 15, а ААК осум пратенички места. Десет места во 120-членото Собрание на Косово, според Уставот, се резервирани за претставниците на српската заедница, а исто толку и за оние на помалите етнички заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.