Унгарската полиција на длабочина од два метри под земја, на граничниот премин со Србија, откри нов подземен тунел кој минува под заштитната ограда.

Oд полицијата соопштија дека тунелот е со пречник од 50 до 80 цантиметри, долг е 24 метри, а случајно е откриен при рутинска контрола на тој дел од границата.

Во редовна контрола на граничниот дел, на периферијата Качмара унгарските полицајци на 24 јуни открија отвро кој води во подземен тунел, за кој се претпоставува дека било потребно време да се ископа. Почетокот на тајниот тунел е на српска страна, а завршува на унгарската, пренесуваат унгарските медиуми.

Граничните контроли и претходно долж границата откриваше повеќе премини, кои мигрантите ги користат да ја преминат границата.

На врвот од мигрантската криза во 2015-та година, Унгарија изгради ограда со бодликава жица долж својата граница, за да го спречи приливот на мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.