Девојка и момче загинале денес по паѓање на лавина во Пирин, во регионот на Банско.

Наводно, жртвите сами ја предизвикале лавината.

Прво било откриено едно од телата, а малку подоцна и другото.

На местото работел целиот одред на Планинска спасителска служба – Банско, заедно со кучиња трагачи.

Оттаму препорачуваат скијачите и сноубордистите да не се оддалечуваат од пистите и да не навлегуваат во опасни зони.

Извор: offnews.bg

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.