Д-р Ален Берта, инженер за шумарство и извршен консултант во меѓународната консултантска компанија CGI, задолжен за набудување на Земјата објави на својот профил на Фејсбук сателитски слики кои го прикажуваат целиот обем на катастрофата што ја погоди областа Бановина во Хрватска.

-Споредувајќи ги снимките од радарскиот сателит Sentinel 1 од 18 декември и 30 декември, гледаме дека земјата западно од Петриња се приближила кон сателитот за 44 см во најизразениот дел, додека самото тло на Петриња се спуштило (се одалечило од сателитот) за 10 до 30 сантиметри. Тие области имаат радиус од 10 километри. Ваквото поместување на земјата е од поголем обем отколку за време на разорните земјотреси што се случија во Италија пред 3-4 години, вели Берта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.