Грчката полиција симнува таблички од непрописно паркираните автомобили. Можете да ги добиете после три месеци и платена казна! Внимавајте- сведочи Миле Јеремиќ, Србин кој работи на Скијатос.

Претерале или не, додава тој како одговор на коментарот на еден од членовите на Фејсбук групата „Во живо од Грција“ на оваа вест, сведочел на тоа како полицијаците ги симнале табличките од еден автомобил со италијански регистерстки таблички и ги однеле.

Симнувањето на таблички од непрописно паркираните автомболил не е новост во Грција. Веќе со години наназад многу туристи од сите страни на светот, имале такво искуство, но сепак се уште има неупатени, или такви кои мислат дека на нив тоа нема да им се случи, па ги оставаат автомобилите каде што не смеат.

Да симнувањето на таблички интензивирано е веќе две-три години и тоа е една од казните за непрописно паркирање. На Грците обично им се земаат на три месеца, плус задолжително мораат да платат казна, а на странците наводно им ги враќаат табличите по плаќање на казната- вели Јеремиќ за српски Блиц.

Тој уште додава дека тоа се случува секаде, во Солун, на Тасос, Халкидики, поради што ги советува туристите да бидат внимателни.

Самата казна за непрописно паркирање во Грција изнесува од 40 до 80 евра, а веќе не постои можноста за намалување на казната ако се плати веднаш. Најлошо нешто што може да ви се случи е такво нешто да ви се случи за време викенд, бидејќи ќе морате да чекате до понеделник тоа да го решите, кога полициските станици работат. Тоа баш може да биде проблем ако сте планирале враќање дома за викенд.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.