Во храмот Свети Сава во Белград штотуку започна погребната церемонија на која последен поздрав ќе му се испрати на српскиот патријарх Иринеј, кој пред два дена почина како последица од ковид-19.

Во тек е службата која ја предводи митрополитот добробосански Христозом, кој беше назначен за заменик-патријарх сè додека не биде избран нов поглавар.

Како и вчера, телото на патријархот Иринеј е покриено со стакло, а ковчегот е поставен во средината на храмот. Присутни се сите владици и 16 свештеници, но и претставници на други верски заедници, а најавено е да оддржи говор и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.