Од полноќ во Хрватска стапи на сила Ден на жалост во чест и сеќавање на настраданите во разорниот земјотрес.

Денот на жалост се означува со спуштање на знамињата на Хрватска на половина копје, не смее да се одржуваат забавни приредби, а телевизиите и радијата мора да ја прилагодт програмата да соодветствува со Денот на жалост.

Во земјотресот со силина од 6,3 степени според Рихтер, што во вторникот најсилно го погоди подрачјето околу Петриње загинаа седум, а повредени се околу 20 луѓе.

Материјалната штета е огромна, срушен е практично целиот центар на градот, а некои од околните села практично веќе не постојат.

Огромна штета има и во Сисак, каде што е оштетена тамошната болница

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.