Трудницата Јована Миленковиќ(24), која вчера беше тешко повредена во стравичниот судир на автобус и автомобил на патот Крушевац – Ѓунис, почина утринава во болница, дознава српски Блиц.

Како што се дознава, нејзиното бебе, кое вчера после несреќата е породено со царски рез, се уште е во тешка состојба. Детето се наоѓа во крагуевскиот Клинички центар и после реанимацијата приклучено е на апарати за дишење и неговата состојба се уште е нестабилна. Бебето се наоѓа на одделот за неонатологија и е под постојан надзор на лекарите, кои ги применуваат сите мерки на интензивно лекување.

Во судирот на лице место почина сопругот на Јована и татко на бебето, Стефан Илиќ(27).

Во автомобилот со двајцата млади бил и таткото на Јована, Саша и нејзината сестра Теодора. Тие се полесно повредени. Тие четворица со фиат од Каоник иделе кон Крушевац. На кривината се нашол и автобусот кој директно удрил во нивното „фиат пунто“.

Немавме каде да свртиме. Гледав како автобусот оди директно на нас – рекол Саша Милековиќ, кој во фиатот бил на местото на совозач, до настрадниот зет, Стефан Илиќ.

Како што се претпотавува, судирот се случил кога автобусот се излизгал, поминал во спротиваната лента и директно се заби во патничкиот автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.