Полесна трговија, минување на стока без царини и чекање, патување без пасоши, полесно вработување во Србија, Македонија и Албанија за граѓаните на тие земји се предностите на Малиот Шенген што го потпишаа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама, објаснува српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ за РТС.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓорѓевиќ најавил дека „Србија ќе направи чекор понатаму и почнувајќи од 1 јануари, ќе ја воведе апликацијата „е-странец“ – можност за електронско аплицирање во амбасадите на Србија за добивање однапред виза за престој, како и можност за паралелно аплицирање во Националните служби за вработување, со што забрзано ќе може и пред пристигнувањето на работниците во Србија, да се добие дозвола за работа.

Секој граѓанин на Северна Македонија или Албанија, границата ќе може да ја помине со лична карта или пасош и кога ќе влезе во Србија ќе може електронски да аплицира, тој или работодавчот, преку мобилен телефон или преку интернет, да аплицира за продолжување на рокот за престој од 90 дена, со што ќе може воедно да биде пријавен и во Централниот регистер, рече министерот Ѓорѓевиќ, дополнувајќи дека со тоа за странскиот државјанин ќе важат истите правила и процедури како и за српските работници.

Според него, Србија работи на предлогот на нацрт-договорот, кој треба да се усогласи и да се верификува во српското собрание и кој подразбира дека исти услови ќе имаат и српските граѓани кои ќе бараат работа во Македонија и во Албанија.

Ние вчера го завршивме нацрт-договорт и разгорите со колегите од другите земји се во тек и ќе влеземе во процедура и очекувам сето ова да оди многу бргу, изјави Ѓорѓевиќ, кој додаде дека „Србија сака да биде атрактивна, да нема лимит кога е во прашање работната сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.