По вчерашната тензична ситуација и хаосот што се создаде по насилното влегување во седиштето на опозициската Демократска партија на Албанија, од страна на историскиот лидер Сали Бериша и неговите приврзаници, денеска актуелниот лидер Љуљзим Баша имаше едночасовна средба со шест странски амбасадори.

Според Топ чанел, на средбата присуствувале амбасадорите на САД, Германија, Италија, Франција, Велика Британија и делегацијата на ЕУ.

Амбасадорката на САД, Јури Ким, повторно даде шифрирана порака со чантата на која пишуваше: „Амбиција, почит, тимска работа“. По средбата амбасадорите на дадоа изјава, но нивната средба со Баша може да се разбере како поддршка за него – наведува телевизијата.

Баша, пак, даде куса изјава велејќи дека разговарале „за вчера, за денес и за утре“.

Денешната средба со амбасадорите беше за вчера, за денес и за утре – изјави Баша, се заблагодари на новинарите и влезе во просториите на партијата.

Расколот во опозицијата кулминираше вчера попладне кога Бериша насилно влезе во седиштето во момент кога Баша одржуваше средба со Форумот на млади.

На Националното собрание, што Бериша го свика на 11 декември Баша беше разрешен, а ден потоа на седница на Националнот совет Баша доби безрезервна поддршка, што треба да биде потврдена на 18 декември за кога тој закажа Национално собрание на партијата.

Недоразбирањата меѓу актуелниот и историскиот париски лидер, се појавија кога Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, по барање на американската амбасадорка Ким, откако САД го прогласија за персона нон грата поради вмешаност во корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.