За шест месеци Шкаљарскиот клан изгуби четири важни членови. Удар од кој нема да се опорават, оценуваат познавачите. Егзекутори се Кавачкиот клан кој го зазеде местото на Земунскиот кој беше главен на Балканот во деведесеттите.

Главна локација за пресметка стана Грција која бара помош не од Црна Гора од каде што потекнуваат, туку од Србија која има повеќе искуство во криминални организации и нивно дејствување.

Убијците функционираат во системот на убијците на Земунскиот клан. Учествуваат две екипи, едната која ја следи жртвата деноноќно и собираат податоци.Кога ќе проценат дека е време за напад доаѓа другата група егзекутори. Исто како што правеа Земунците-објаснува Миле Новаковиќ, началник кој учествувал во апсењето на Земунскиот клан по убиството на Ѓинѓиќ во 2003 година

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.