Освен во Србија, лоша епидемиолошка состојба има и во Бугарија, каде бројот на заболени од коронавирусот се зголеми.

Регистрирани се 4.979 новозаразени во последните 24 часа, што е највисока дневна бројка од март наваму. Има и 214 почнати од ковид во изминатото деноноќие. Од почетокот на пандемијата како последица на ковид починале 22.488 луѓе. Бројот на нови пациенти во болниците е многу висок – 1251, при што 89,21 отсто од нив не се вакцинирани. Вкупно во болниците има повеќе од 6.200 лица кои се лекуваат од ковид, а од нив 537 се на интензивна нега. Во земјата 84 проценти од новозаразените не биле вакцинирани, а 94 проценти од оние што починале не примиле вакцина.

Коронавирусот во последните 24 часа е потврден кај 7.664 луѓе во Србија, а истовремено како последица на овој вирус починале 57 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.