Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, по посетата на повредените во автобуската несреќа во Бугарија, изјави дека на еден патник му била ампутирана ногата, а не на возачот, како што беше претходно објавено, пренесе Бета.

Еден човек беше опериран и не се работи за возачот за кој се шпекулираше дека му ја ампутирале ногата, туку за татко на дете кому му е ампутирана потколеница – изјави Лончар за РТС.

Тој додаде дека две момчиња на возраст од десет и единаесет се на интензивна нега и ќе бидат префрлени во Софија.

Другите деца се добро, ги посетив сите – изјави Лончар.

Тој рече дека повеќето од децата и родителите од автобусот, како и оние кои дошле во Бугарија кога слушнале што се случило, ќе пристигнат во Србија во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.