По претседателот Илир Мета и Централната изборна комисија (ЦИК) побара од Министерството за внатрешни работи да ја продолжи важноста на документите за идентификација (пасоши и лични карти) на албанските граѓани.

Дека комисијата го побарала тоа од МВР објави на Твитер државниот комесар за избори Илиријан Челибаши.

Со цел да се искористи правото на глас од граѓаните, чиј документ за биометриска идентификација станува неважечка на 25 април 2021 година, ЦИК побара од Министерството за внатрешни работи да ја продолжи важноста на документите за идентификација. Тоа со цел секој граѓанин да го искористи со устав загарантираното право на глас – наведува Цилибаши.

Претходно вакво барање упати претседателот Илир Мета до премиерот Еди Рама, собранискиот спикер Грамоз Ручи и министерот за внатрешни работи, Бленди Чучи, наведувајќи дека околу 800.000 граѓани со право на глас, не ќе може да гласаат на 25 април 2021 година, бидејќи важноста на документот за нивно идентификување е истечена или истекува до денот на изборите.

Тој смета дека продолжувањето на валидноста на документите за идентификација до 30 април 2021 година е прифатливо решение и неопходна мерка која „мора да се процени и преземе без одлагање“.

Оценува дека тоа ќе придонесе за остварување на граѓанското правото на изборите, како и за зачувување на интегритетот на изборниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.