Министерството за внатрешни работи на Хрватска во соработка со единица од Србија и Полициската управа на Нови Сад успеа да го лоциран еден од најбараните хрватски бегалци Бојан Драгичевиќ. Тој бил уапсен во четвртокот во Нови Сад, соопшти денеска хрватското МВР.

Драгичевиќ во 2005 година, за помалку од еден месец, со група соработници двапати ограбил иста банка во Шибеник со помош на пластичен пиштол. По двете разбојништва успеал да побегне и се криел до 2012 година, кога по седум години бегство бил уапсен во Босна и Херцеговина и екстрадиран во Хрватска.

Судот го осуди на затворска казна од четири години и два месеца. По година и пол успеал да побегне од најстрого чуваниот дел на затворот, но истиот ден бил пронајден и вратен на издржување на казната. Во април 2014 година преместен е во затворот во Пула, од каде по само четири месеци побегнал со прескокнување на шидот. ОПттогаш беше во бегство.

Овој бегалец се наоѓа на Европската листа на најбарани од 2016 година, односно од составувањето на листата каде се објавени имињата на најбараните криминалци во Европа, со оглед дека станува збор за исклучително опасен и насилен бегалец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.