Во Владата на Црна Гора поранешниот премиер Душко Марковиќ му ја предаде должноста на новоизбраниот премиер Здравко Кривокапиќ.

Марковиќ на Твитер напиша дека денешната средба и формалното примопредавање на должноста е потврда на демократската содржина, зрелост и одговорност на политиката  на Демократската партија на социјалистите (ДПС).

– Да се надеваме дека ова влада ќе работи во интересиот на Црна Гора и сите нејзини граѓани, напиша Марковиќ.

Новата Влада на ЦРна Гора избрана е во петокот по тридневната расправа за експозето на Кривокапиќ и членовите на неговиот кабинет. По три децении во Владата не учествува ДПС

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.