Коптиз, Австриец од Виена кој живеел во Загреб е убиецот на своите три деца, близналиња на седумгодипна возраст и момче на четиригодипна возраст. Во загреб имал фирма, а во текот на неговата кариера работел во повеќе големи компании како консултант и преговарач. 13 години работел како член на Управен одбор, 5 години работел меѓународен маркетинг и развој… работел на високи позиции. Бил искусен финансиски консултант кој дипломирал на Donau-Universität Krems и магистрирал бизнис администрација. Работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции во Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други.

Во своето проштално писмо објавено на фејсбук посочува дека последните годинаипол ништо не му одело како што трба на работа, ништо не му успеало и останал без пари. Од пораката може да се види дека е разведен и има девојка , а на едно место во неговите статуси се спомнува и вереница.

Децата се од неговиот првата сопруга, а постојано на социјалните мрежи објавувал фотографии со нив. Оваа пролет напишал дека слави втор роденден, една година откако успеал да се избори за живот по пет недели поминати во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.