Белградска полициска патрола на автопатот Белград-Шид запрела возило кое го управувала жена на возраст од околу 50 години. Причината за запирањето билo брзото возење.

Жената се движела со својот автомобил „Фиат 500“ (популарното „Фиќо“) со брзина од 115 километри на час на место каде што ограничувањето било 80 километри на час.

Кога жената била тестирана за алкохол, алкотестот покажал дека таа имала 2,19 промили алкохол во крвта.

Жената веднаш била приведена во полициската станица, пишува српски „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.