Во Бугарија нема независно обвинителство. Ова е ставот на владата од Софија, откако синоќа беше ослободен поранешниот премиер Бојко Борисов по 24 часовен притвор.

Остар судир помеѓу бугарското обвинителство и Министерството за внатрешни работи по апсењето и ослободувањето на екс премиерот Бојко Борисов. По вонредниот брифинг во Советот на министри, премиерот Кирил Петков жестоко го искритикува обвинителството тврдејќи дека информациите добиени од изнудено лице се прикриваат и игнорираат, со цел како што рече, да не се спроведе истрага по закон.

„Во Бугарија независно обвинителство нема. Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога се работи за лица обвинети за корупција. Обвинителството има уште еден сериозен проблем а тоа е дека во врска со овој случај во моментов работи и Европското обвинителство. И додека очигледно се сокриваат факти и бугарската јавност не може да определи дали и како тие дејствуваат, сега има паралелна европска структура на која и веруваме многу повеќе.

Борисов беше уапсен поради сомневања за проневера на средства од ЕУ. Министерот за финансии Асен Василев вчера рече дека Борисов се сомничи за земање мито од магнатот со игри на среќа Васил Божков во замена за поврат на данок. Софиското обвинителство доцна синоќа соопшти дека нема доволно докази но и дека полицијата не им доставила уредби со кои бара покренување на обвиненија.

„Во Софиското градско обвинителство не се доставени уредби за утврдување на обвинети лица. Назначените обвинители ќе продолжат да очекуваат постепен прием на други достапни материјали за делото. Врз основа на вака опишаната целина на докази назначените обвинители утврдиле дека евентуално покренување на обвинение во овој момент би претставувало нарушување на законот. Доставените материјали во моментов до Софиското градско обвинителство не содржат доволно докази од кои може да се изведе основано сомнение дека кое и да е од тие три лица – Бојко Борисов, Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова извршиле престапи.

Министерот за внатрешни работи Рашков на обвинителството му одговори дека лаже.

„Еве ги уредбите, за тројцата. Еве ги проектите. Тие се содржани во самата преписка и се предадени денес до обвинителството, а таа изјави дека нема. Зошто го кажа тоа да си одговориме сите. Ние сме општество. Дали обвинителството сака да се откријат престапите во нашата земја вклучително и оние кои се извршени од лица поставени на високи функции во блиското минато или н

е.

Коцкарскиот магнат Васил Божков се наоѓа во Дубаи наводно на Борисов и екс министерот за финансии Горанов, исто така уапсен а потоа ослободен, им исплатил 30 милиони евра добивка од лотарискиот бизнис. Се истражуваат и сомнежи за штета на буџетот од 280 милиони евра, предизвикани од непостапување на Комисијата за коцкање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.