Петгодишно дете почина како последица од комлликации со Ковид-19, што е најмладата жртва од опасниот вирус во Албанија. Според албанските медиуми детенцето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.

Поради влошената состојба потоа беше транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува Ора њуз.

Детето имало голема тежина, околу 54 килограми.

Според официјалната статистика на Министерството за здравство детето од Саранда е 2.881 жртва од Ковид- 19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март минатата година опасниот вирус е дијагностициран кај над 800 деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.