Петчлено семејство од Србија кое летува во Грција односно на грчкиот остров Лефкада е позитивно на коронавирусот. Тие вчера биле приемени во Универзитетската клиника во Јанина, град во северозападана Грција и се наоѓаат во специјалното ковид одделение.

Нивните три малолетни деца кои имале поблаги симтоми се на педијатрискиот оддел од болницата, пренесуваат грчките медиуми.

Како што јавува „Скај“ Заводот за јавно здравје во Грција пријавил нови 24 случаи – четири од нив се идентификувани по тестирањето на граничните премини.

Неодамна група туристи од Србија мораше да го напушти грчкиот остров Евија од каде беа практично избркани поради тоа што жителите на островот не сакале Срби да им доаѓаат на одмор поради коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.