Во Вишото обвинителство во Белград повеќе од пет часа актерката Милена Радуловиќ даваше изјава за случајот против професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, осомничен за силување, сексуално злоставување и вознемирување.

Нејзиниот адвокат Денис Бечириќ пред многубројните присутни медиуми откри дека истрагата ќе остане затворена за јавноста по наредба на обвинителот и дека единственото што може да го сподели е дека истрагата на обвинителството продолжува со сослушување на актерката Ива Илинчиќ, како и други сведоци и оштетени.

Неговиот адвокатски тим застапува уште три оштетени девојки, а за денешното сослушување на Радуловиќ потенцираше дека самото времетраење потврдува колку на моменти било навистина многу тешко.

Алексиќ својата изјава пред обвинителството ја даде во понеделникот, во која ги негираше обвинувањата, по што му е одреден 30-дневен притвор. Осомничен е за осум силувања и седум кривични дека за недозволени сексуални акти извршени во период од 2008 до 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.