Триесет и осумгодишниот Чаба Дер, кој се смета за еден од најопасните платени убијци од регионов е уапсен во Прага.
Тој беше осомничен дека на 5 јануари годинава на Баново брдо го убил Небојша Марковиќ.

На основа на меѓународна потерница вчера во Прага е уапсен Д.Ч., кој е осомничен дека на 5 јануари оваа година на Баново брдо убил 37-годишен маж – соопштено е од српското МВР.

Република Србија ќе побара екстрадиција на осомничениот Чаба Дер, за да биде процесиран во таа држава за кривичното дело за кое е осомничен.

Според српските медиуми, тој бил уапсен во хотел во Прага, а кај него се пронајдени оружје, фалсификувани документи и перики.

Чаба, пред дваесетина дена изнајмил соба во центарот на главниот чешки град, а со помош на специјални единиц од повеќе држави е извршена акцијата за негово лоцирање.

Апсењето се случило токму во хотелот, додека Чаба бил на рецепција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.