Бугарскиот ТВ забавувач и пејач Слави Трифонов го презеде правото да формира влада, по тесната победа на парламентарните избори во недела.

После 99 проценти преброени гласови, неговата антиелитистичка партија Има таков народ (ИТН) освои 23,91 процент од гласовите и победи на изборите, а со 23,69 проценти од гласовите на второто место се најдоа Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов.

ИТН се појави како главна политичка сила на претходните парламентарни избори во април, но во отсуство на согласност меѓу главните протагонисти, Бугарите мораа повторно да гласаат во недела.

Нема да влеземе во коалиција со ниту една партија, рече Трифонов на неговиот ТВ-канал во понеделникот.

Наспроти сите очекувања, тој остави зад себе две антикорупциски партии – „Демократска Бугарија“ (десно-ориентирана, 13 проценти) и „Стани! Мафијата надвор! “(лево-ориентирана, пет проценти), кој очекуваше да ги покани во владата, рече Парван Симеонов од Интернационалниот институт Галуп.

Доколку не ја поддржат неговата малцинска влада во парламентот, тогаш тој ќе ги обвини за неуспехот, рече Симеонов, потсетувајќи дека тие две формации, за разлика од ИТН, беа вклучени во масовните демонстрации во 2020 година.

„Објавата на телевизија за одлуките донесени од една личност не е демократија“, реагираше за АФП Николај Хаџигуенов, копретседател на „Стани! Мафија надвор!“, сметајќи го сценариото за трети избори како „многу реално“.

Трифонов, кој има здравствени проблеми, рече дека не сака да стане премиер, делегирајќи ја функцијата на поранешниот министер Николај Василев.

Доколку резултатите од изборите, кога ќе бидат официјални, ја потврдат победата на Трифонов над претседателот Румен Радев, близок до социјалистите, ќе му биде доверена задачата да формира влада што ќе го наследи привремениот тим, назначен во април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.