Интересно е дека мажот се обидел да го напаствува додека на ногата веќе имал електронска нараквица за надзор…
Маж (36) кој минатата недела е уапсен во Нови пазар во Србија, поради сексуално злоставување на две девојчиња, на полицијата и е познат од порано, поради слично, однесување, но и по кражби и измами.
„Блиц“ пишува дека од снимката на надзорните камери го препознале бројни граѓани. На снимката се гледа како 36. годишникот го намамил девојчето во влезот на зградата и се обидел да и ја соблече јакната.
„Тој пред десетина години ја нападна ќерка ми, поради што доби само три месеци затвор. За среќа, полицијата го пронајде пред мене, бидејќи ако тогаш го фатев веројатно сега не би напаѓал девојчиња по влезови на зградите“, раскажал еден татко кој го препознал од снимката.
Само два дена подоцна, истото се обидел и со деветгодишно девојче кое се раскажала на своите родители, а потоа повикале полиција. Мајката на тоа девојче рекла дека манијакот и ја кренал јакната и рацете и ги ставал на струкот велејќи дека сака „да и земе мерки за да стане манекенка“.
Судот сега, поради напаствување на 12. годишно девојче минатиот понеделник, му одредил 30. дена притвор.
Интересно е и дека тој маж се обидел да го напаствува девојчето додека на ногата веќе имал електронска нараквица за надзор, а куќата можел да ја напушта само на два часа дневно. И’ двата напади на девојчињата се случиле токму во тоа време.
На сослушувањето 36. годишникот рекол дека не е виновен. За едното девојче рекол, дека не го видел, додека за другото вели дека ја видел но не признава дека ја напаствувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.