Обично таков вид иницијативи не се најавуваат, туку се прават, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на дали Грција размислува да преземе некаква иницијатива за европската перспектива на Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб на пролет.

Обично таков вид иницијативи не се најавуваат, туку се прават. Во овој момент би сакал да се задржиме на позитивниот факт што постои во заклучоците на Европскиот совет, односно споменувањето дека оваа тема останува отворена и ќе се разговара во временскиот момент што го споменавте, а ние сме секогаш тука да ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан – рече Пецас во одговор на прашањето на МИА, со оглед на тоа дека претседателот на Европскиот Парламент денеска е во Скопје, а Атина ја поддржува и промовира Солунската агенда од 2003 за ЕУ перспективата на земјите од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.