Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека не може да има раздвојување на интегративниот процес на Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од дискусиите во Европа она што го сфаќаме и од она што го гледаме и ние, наша позиција е дека не може да има раздвојување, рече Пецас одговарајќи на прашањето „дали дискусијата за Западеен Балкан вклучува и раздвојување на интегративниот процес на Македонија од Албанија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.