На пазарџиката, која со тупаница се пресмета со комуналната полицајка, која се обидела да ја отстрани од пазарот, не ѝ е првпат да се најде во центарот на вниманието на јавноста.

За потсетување, Садија Дурмиси пред некој ден нокаутираше полицајка.

Но, жената која многу личи на неа, а како што јавуваат српските медиуми веројатно и станува збор за Садија, и пред овој настан се нашла пред камерите, пренесува Еспресо.рс.

На „Јутјуб“ е објавено видео во кое токму Садија зборува за тоа со каков пијалак би сакала да го „зачини“ дочекот на Новата година.

За оваа година, би се напила нешто онака, некој овошен сок, но би го зачинила и со некоја вотка. Тоа е добро!, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.