Црквата-мајка го разгледува секој случај во духот на љубовта и единството, секогаш имајќи ги на ум духовната полза и спасението на верните. И во истиот дух ќе продолжи и понатаму да раководи со љубов и грижа во годините што доаѓаат, вели вселенскиот партијарх Вартоломеј во интервју за БГНЕС во врска со барањето на македонската црква упатено до Константинопол за решавање на нејзиниот статус.

Вселенската патријарх Вартоломеј потврдрува дека го добил барањето на поглаварот на македонската црква гг.Стефан. Вели дека секој случај е единствен и така се разгледува.

За најавата дека ова прашање ќе биде ставено под негова директна надлежност и дали тоа треба да биде сфатено како дел од еклитонот, патријархот Вартоломеј наведува дека одлучувањето по апелациското прибегнување (еклитон) е привилегија, но истовремено и голема меѓуцрковна одговорност, која ѝ е дадена на Константинополската црква за време на Четвртиот вселенски собор во Халкидон во 451 година.

Деветиот и 17-от Канон од овој Собор предвидуваат дека ако некој епископ или клирик е осуден од својот митрополит или од помесен синод, а смета дека му е направена неправда, тој канонски може да поднесе молба до Константинополскиот престол, кој што има одговорност да ја преразгледа неговата молба и да донесе конечна одлука. Ова право на Вселенската патријаршија било спроведувано многу пати во нејзината историја во поглед на епископи од други патријаршии и на автокефални цркви, вели патријархот Вартоломеј.

Во интервјуто, тој говори и за украинското црковно прашање и дадената автокефалија на Украинската православна црква.

Во однос на тоа дали е потребен консензус помеѓу помесните православни цркви за објавување на автокефалија, патријархот Вартоломеј истакнува дека Вселенската патријаршија врз основа на Светите канони ја има на себе одговорноста да додели Томос за автокефалија на сите новосоздадени цркви, било со статус на Архиепископија, или со статус на Патријаршија, без разгледување и учество на другите цркви. Посочува дека и во случајот со Украина не е постапено поинаку – Вселенската патријаршија ја примени истата практика кон која се придржува при признавањето на сите новосоздадени автокефални цркви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.