Во изборната кампања за парламентарните избори, што во Албанија се одржаа на 25 април, најмногу средства потрошила Социјалистичката партија, дури трипати повеќе споредено со најголемата опозициска, Демократска партија.

Социјалистичката партија (ПС) потрошила 173 милиони лека или над 1,44 милиони евра. Овој износ е трипати поголем од трошоците на Демократската партија(ПД), која потрошила 47 милиони лека или 390 илјади евра. Третата по големина партија во земјата, Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) потрошила 43 милиони лека или 360 илјади евра.

Ова се гледа од податоците содржани во официјалните финансиски извештаи што партиите ги доставиле до Централната изборна комисија (ЦИК).

Парите за финансирање на партиите доаѓаат од четири главни извори и тоа од државниот буџет, каде што според законот, ЦИК ги дели парите според утврдените квоти, потоа од придонесите на самите кандидати, од придонесите на физички лица кои ја поддржуваат каузата на партијата и приходите остварени од членството.

Од податоците се гледа дека членството на ПД е најслабо во однос на висината на приходот што го дало, пред неа е и ЛСИ и на врвот е ПС, каде околу 44 отсто од финансирањето на кампањата доаѓа од членството. ДП исто така е последна и кога станува збор за финансискиот придонес на кандидати.

Партиите главно трошеле за реклами, изборен материјал и сцени за митинзи. Кај ПС се забележува дека се потрошени многу пари за социјалните медиуми Фејсбук и за изнајмени партиски канцеларии.

Овие трошоци се само оние што ги декларирале партиите, додека индивидуалните трошоци на кандидатите не го поминуваат овој филтер. Вредноста на парите во оптек за време на изборниот период е многу повисока, што е забележано од прекумерното присуство на девизи во април и наеднаш зголемената инфлација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.