Можеби е време бугарскиот претседател да свика ново заседание на Консултативниот совет за национална безбедност за да се разјасни позицијата на Бугарија кон Македонија, рече денеска заменик-координаторот на Пратеничката група на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Сојузот на демократските сили (СДС) во бугарското Собрание, Тома Биков – пратеник на опозициската партија ГЕРБ, чиј лидер е поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Мора да имаме заеднички став. Се гледа дека има некакво колебање и сигналите што ги испраќаме кон надвор не се добри – изјави Биков за Бугарското национално радио (БНР).

Биков е дециден дека нема промена на бугарската позиција кон Македонија, додавајќи дека ако „некој тврди поинаку, си дозволил да лаже“.

Тоа ќе се одрази на патот на Македонија кон ЕУ, за кој сите партии велат дека го поддржуваат, доколку Македонија исполни одредени услови – порача тој.

Сепак, според Биков, ако дошло до промени во бугарската позиција, „тој што го сторил тоа, го минирал процесот на проширување на ЕУ, кој е многу поважен од тоа дали Бугарија ќе ја пушти Македонија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.