Новоформираниот бугарски Парламент денеска со 214 гласа „за“ ја донесе одлуката за формирање парламентарна комисија за истражување на злоупотребите и погрешното трошење средства од бугарските влади, министерствата, државни органи, претпријатија и компании со повеќе од 50 проценти државно учество во нивниот капитал во последните 10 години, јавува дописникот на МИА од Софија.

Првичниот предлог на пратеничката Маја Манолова и нејзината пратеничка група “Стани! Излези!” претрпе неколку големи промени. Јордан Цонев од Движењето за права и слободи предложи зборот „ревизија“ да се замени со „инспекција“ затоа што парламентот нема такви овластувања. На предлог на коалицискиот партнер на ГЕРБ, Румен Христов, предвидениот четиригодишен период е заменет со инспекција за последните 10 години.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, периодот на инспекција ќе ги опфати не само владите на Бојко Борисов, туку и владата на Пламен Орешарски во периодот 2013-2014 година, што беше предводена од БСП и ДПС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.