Закажаниот попис во Косово нема да биде спроведени. Пандемијата и изборите го одложуваат пребројувањето на граѓаните за 2022 година.

Директорот на Агенцијата за статистика на Косово, Авни Кастрати, изјавил дека пописот, кој требаше да се одржи оваа година, ќе се реализира дури во 2022 година, пренесува Радио Слободна Европа.

Заради пандемијата предизвикана од Коронавирусот и локалните избори кои ќе се одржат во Октомври оваа година, оптимален датум за пописот би бил месец Април 2022 година, но и понатаму не е утврден точен датум, изјави Кастрати.

-После одлуката на неколку земји членки на ЕУ, се одложува и пописот на население на Косово, напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

После одлуката на неколку земји членки на ЕУ, се одложува и пописот на население на Косово

Posted by Antonio Miloshoski on Wednesday, 10 February 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.