Словенечкиот претседател, Борут Пахор, од Анкара порача дека Турциија е важна земја за Словенија, а тоа го покажувал и потпишаниот Документ за стратешко партнерство пред 11 години.

Словенија нема потпишано многу од овие договори. Ова укажува на важноста што Словенија и ја придава на Турција – истакна Пахор на турско-словенечката тркалезна маса на која присуствуваа и министерот за економија, развој и технологија Матјаз Хан и бизнисмени од двете земји.

Пахор наведе дека обемот на трговска размена помеѓу двете земји надминал една милијарда евра.

Во Словенија има голем потенцијал за странски инвеститори. Турските компании водат два големи инфраструктурни проекти во Словенија. Еден од нив е тунелот Копар. Овој проект е особено важен во однос на поврзувањето на северниот дел на Јадранот со Европа – посочи Пахор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.