Сред пролет, во северен Велебит, Хрватска, падна половина метар снег.

Повторно падна снег – соопшти Националниот парк Северен Велебит на својот профил на „Фејсбук“ споделувајќи неколку фотографии.

Од почетокот на седмицата забележана е нагла промена на времето со заладување и снег на планините.

Снег падна и во Завижан, Платaк и Учкa.

Во неделата снег покри и делови од Словенија, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.