Пациент кој се лекувал од ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение дека убил друг пациент, откако го исклучил од респиратор.

Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останал под надзор на чувар во атинска болница се додека не се опорави, објави „Ројтерс“.

Пациентот (76), кој исто така се лекувл од ковид, починал во средата вечерта откако лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респиратор без знаење на лекарот.

Двајцата пациенти лежеа на исто одделение, додаде полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.