Српскиот весник „Курир“ ги објави лицата кои наводно подготвувале ликвидација на претседателот Александар Вучиќ. Тоа се нарко босот Дарко Елез, Веља Невоља и државната секретарка во министерството за внатрешни работи Дијана Хркаловиќ.

Нив логистичка поддршка им пружал претседателот на Вишиот суд Александар Степановиќ, како и првиот човек на Фудбалската федерација, Славиша Кокеза.

Елез дури довел и воен ветеран кој ги учел како да користат снајпер.

-Постојат информации дека имале идеја да убијат еден човек од врвот на државата со темпирана бомба-пишува весникот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.