Телото на Д.Г.(55) српскиот планинар, пронајдено е вчера во Бугарија, на планината Пирин, а неговите колеги од планинарскиот клуб Љуктен, откриваат дека никој не знаел дека Д.Г ќе оди во Бугарија!

Отиде на Шар планина и требаше одма после тоа да се врати во Трстеник, Никој немаше поим дека ќе оди во Бугарија, вели пријател на несреќниот човек.

Тој беше исклучителен човек, голем, Затоа претпоставувавме дека го видел телото на бугарскиот турист и дека тргнал по него, да му помогне, мислејќи дека е жив. Најверојатно така страдал – додава тој.

Како што веќе објавуваа медиумите, се претпоставува дека Д.Г отишол на Пирин да го бара пријателот П.Х.(68), но се испоставило дека тој бил мртов веќе осум дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.