Граѓаните на Унгарија и Србија од денеска ќе можат да ја минат границата ако работат во соседната земја или обработуваат земјиште од другата страна на границата, изјави Унгарскиот Министер за надворешни работи Петер Сијарто. Рампите за граѓаните од пограничните места ќе бидат кренати на граничните премини Реска (Хоргош), Томпа (Келебија) и Херцегсанто (Бачки брег), објави на својот фејсбук унгарскиот министер.

Оваа одлука е донесена во договор на двете држави.

На барање од колегите пратеници разговарав со Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ и Министерот за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ со кои се договоривме да дозволиме патување за Унгарските и Српските државјани на три гранични премини – напиша Сијарто, кој потсети дека Србија поради борбата со пандемијата од коронавирусот воведе рестриктивни мерки меѓу кои и целосна забрана за сообраќај на патници преку границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.