Унгарската полиција денеска соопшти дека биле пронајдени два тајни тунела, кои мигрантите ги користат за да влезат во земјата од Србија.

Како што соопшти унгарското МВР, едниот од тунелите е откриен во селото Ашоталом, северно од Суботица, каде се приведени 44 мигранти кои го користеле тој премин.

Другиот тунел, откриен кај селото Чикерија, бил долг 21,7 метар, но тука не успеал да премине ни еден мигрант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.