Траги од крв, освен во куќата во Ритопек, биле пронајдени и во викенд куќа во Рудник кај Горњи Милановац, за која постои сомневање дека ја користеле членовите на криминалната група на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља и Марко Миљковиќ! Станува збор за куќата кон која бил упатен Беливук во моментот кога бил уапсен на почетокот на февруари во филмска акција на полицијата.

Како и во викендицата во Ритопек, каде беа пронајдени траги од крв на скоро сите sидови и подови, крв беше откриена и во викендичката во Рудник и истата била испратена на анализа. Истрагата ќе утврди дали станува збор за човечки биолошки траги, но и на кого припаѓаат, секако врз основа на ДНК анализа, открива изворот за „Блиц“.

Според него, полицијата со денови ја пребарувала куќата и собирала докази.

Имаше траги од крв во кадата во бањата, но и на теписите во спалната соба и дневната соба во куќата, како и во кујната, открива соговорникот, кој е добро упатен во истрагата.

Тој наведува дека допрва треба да се утврди дали некој бил убиен во неа или дали служела за криминална група да ги чува киднапираните во неа.

Викендицата на Рудник е издвоена од другите куќи, оградена е со дури две огради, а околу неа има само ниви и шума.

Инаку во куќата на стравот во населбата Ритопек, покрај крвта, пронајдена е и индустриска машина за мелење месо, како и траги од најмалку четворица мажи, кои се водат како исчезнати.

Куќата во Ритопек му припаѓа на Владо Драганиќ, кој беше уапсен како член на групата Беливук, додека викендицата во Рудник е во сопственост на човек чиј внук полицијата стави лисици. Се сомнева дека внукот ја дал куќата на осомничените водачи на групата и дека тие ги носеле жртвите и на оваа планина, додава соговорникот запознаен со истрагата.

Покрај трагите од крв, според него, во таа викендицата биле пронајдени остатоци од храна, како и други докази што биле земени и за да се утврди кои од припадниците на најопасните криминални кланови претстојувал во неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.