Хрватска за само седум години, од 2013 година кога стана членка на ЕУ па до крајот на 2019 година, остана без околу 200.000 жители, покажуваат податоците на државниот Завод за статистика.

Според податоците, Хрватска кон крајот на 2012 година, пред нејзиното приклучување во Унијата, имала малку повеќе од 4,26 милиони жители, а кон крајот на 2019 година населението изнесувало помалку од 4,06 милиони.

Локалните медиуми објавуваат дека поразителната демографска слика е последица на негативниот природен прираст, односно поголем број на починати отколку родени, но и на значително поголемото масовно иселување, кое е резултат на отворањето на пазарите на труд во останатите земји членки на ЕУ за хрватските државјани.

Експерти тврдат дека со таквото намалување на бројот на жители, државата во следните пет години би можела да загуби град со големина на Осиек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.