Бугарското Собрание го преименува празникот 24 мај – наместо на се словенската, отсега ќе биде Ден на бугарската писменост…Овој предлог дојде од партијата на Красимир Каракачанов со мнозинство гласови и поддржано од партијата на Борисов помина во парламентот.

Во образложението на предлогот , се наведува дека станува збор за сосема природна и логична историска промена, и дека во истовреме претставува и начин да се отпочне процес на признавање на кирилицата на ниво на Европската Унија како бугарска азбука.

Ова е само дел од новата провокација од Бугарија по Меморандумот до ЕУ и по барањето да се откажеме од македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.