По масакрот извршен во Цетиње, во кој беа убиени 11 лица заедно со напаѓачот, директорот на полициската управа Зоран Брѓанин соопшти дека во традегијата загинале и две деца на возраст од осум и 11 години, јавува „Вјести“.

Брѓанин потврдува дека, според засега познатите информации, 34-годишниот Вук Бориловиќ со ловечка пушка пукал во семејство, чии членови престојувале во становите од неговата куќа како потстанари.

„Вјести“ објави дека од Клиничкиот центар на Црна Гора добиле информација дека уште две лица им подлегнале на повредите.

Триесет и четиригодишниот Бориловиќ во Цетиње уби 10 луѓе, а потоа беше убиен по престрелка со полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.