Исчезнувањето на младиот сплиќанец во Белград, Матеј Периш, не престанува да ги вознемирува духовите ширум Балканот неполни три месеци од случувањето.

Од моментот на неговото исчезнување, една вечер пред Нова година, па се до денес во јавноста се појавија најразлични шпекулации и разни прашања, но и многу нелогичности поврзани со целиот настан, коишто само придонесуваат за зголемување на мистеријата.

Како што пишуваат српските медиуми, извори блиски до истрагата велат дека катастрофалната грешка на неговите пријатели била што чекале повеќе од 12 часа за да го пријават исчезнувањето.

Многумина шпекулираат дека ваквата постапка на другарите била затоа што тие чекале од нивните тела да исчезнат некои недозволени супстанци што ги консумкрале, но полицијата никогаш официјално не се огласи за тоа.

Дозволени супстанци се споменуваа и во случајот со спомнатата „Шпанска куќа“ во која според записите од камерите, Матеј поминал повеќе од еден час, пишува „Ало“.

Весникот коментира дека целата ситуација натерала некои да претпостават дека се нашол во таа вистинска куќа на „стравот и ужасот“ со некој што му продал или требало да му продаде некакви недозволени супстанци.

Она што на сите им падна во очи, а поврзано со тие снимки, а го спомна и таткото на Матеј, Ненад, е да се види како Матеј се ориентирал и стабилно се движел во околината, како точно да знаел каде да оди и според однапред испланирана рута. Сето ова не личи на однесување на некој кој е под дејство на наркотици или во која било друга состојба на стеснета свест.

Не држи вода ниту објаснувањето дека Матеј во „шпанската куќа“ чекал добавувач, земал наркотици или се криел од некого – пишува „Ало“.

Наводно, по излегувањето од „Шпанска куќа“, Матеј се упатил право кон кејот, во делот кој не е покриен со камери, но лесно достапен за чамци или глисери од реката.

Она што дополнително ја усложнува целата ситуација е фактот што Матеј тргнал по истиот пат што се добива кога на мапите на Гугл се впишува адресата од клубот „Готик“ до „Шпанската куќа“ во Савамала, а потоа од „Шпанската куќа“ до платформата кај ресторанот „Саванова“.

Во медиумите веќе се појавија наводи дека на платформата отишол со план и умисла да се качи на глисер. Она што беше спомнато во коментарите на социјалните мрежи е дека можеби претходно запознал некого во „Шпанската куќа“, но дека причината не се некакви недозволени супстанци, туку фалсификувани документи кои би му дале нов идентитет.

Сето тоа звучи како класична теорија на заговор која често може да се прочита на интернет и веројатно е нешто такво, но секако останува она што и пречи на полицијата, а и нема објаснување што правел Матеј цел час во руинирана зграда која има само надворешни ѕидови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.