Црна Гора постигна сериозен напредок на патот кон ЕУ и ќе биде следната членка на Унијата, изјави Тонино Пицула, новиот известител на Европскиот парламент за Црна Гора.

Пицула додаде дека мора да се продолжи работата и реформите во рамките на нашите граници, но и дека ЕУ во Западен Балкан ја обновува својата политика за проширување за да не се отвори простор за други политички играчи од исток.

– Во секој случај, проширувањето на ЕУ ќе се случи, и без оглед кога, тоа нема да биде без Црна Гора. Дали ќе влезе Црна Гора сама, дали уште една држава, тоа е отворено прашање сега, но доколку продолжи со ваквата работа како што прави 10 години, тогаш навистина следното проширување нема да биде можно без Црна Гора, рече Пицула.

На прашањето дали верува дека политиката на проширување мора да биде поизразена во време на сè поголеми обиди за дестабилизација на нашиот регион, кои несомнено доаѓаат од Русија, Пицула рече дека апсолутно се согласува со оваа теза и дека ова е една голема тема што предизвикува дебата во сите институции на ЕУ во овој момент. Тој потенцира дека станува збор за контролирање или спречување влијанија надвор од европските фактори на политичките процеси во Западен Балкан.

– Мислам дека ова е еден од мотивите за посериозен пристап кон обновување на политиката за проширување затоа што, всушност, највлијателните земји-членки на ЕУ увидоа дека доколку нивното дејствување се намали во овој регион, ќе има простор за други играчи, рече Пицула.

Тонино Пицула, хрватски социјалдемократски пратеник во Европскиот парламент, изјави за НОВА М дека не му се туѓи проблемите на Западен Балкан, дека ја познава Црна Гора и дека новата улога на известител за земјата ја прифатил со голема радост и одговорност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.